ВИДЕО: Хрватска е трета на светот, мајсторија на Оршиќ против Мароко вредна бронза

фото: EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Денеска во натпреварот за третото место на Светското првенство во Катар репрезентацијата на Хрватска со 2:1 успеа да го совлада Мароко.

За „коцкестите“ ова е втора бронза на Мундијалите, првата ја освоија на СП во 1998 година.

Мароко е првата африканска репрезентација која успеа да се најде меѓу најдобрите четири селекции на Светско првенство.

Составот на Златко Далиќ поведе со голот на Гвардиол, но само две минути подоцна израмнија Мароканците преку Дари.

Конечниот епилог го постави Оршиќ со еден прекрасен гол пред крајот на првото полувреме.

На натпреварот меѓу Хрватска и Мароко се случи нешто за првпат на Светското првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот