ВИДЕО: Хрватите ремизираа со Ерменија, Словачка со Бугарија

epa02851105 Croatia's Franko Adrijasevic (R) fights for the ball against Saudi Arabia´s Maan Khodary (L) during a match of the Under 20 soccer World Cup at Centenario stadim in Armenia, Colombia, 31 July 2011. Saudi Arabia is winning 2-0. EPA/Christian Escobar Mora

Репрезентацијата на Хрватска ремизираше на првиот контролен натпревар пред настапот на ЕП. „Коцкестите“ во Велика Горица одиграа само 1:1 против селекцијата на Ерменија која е добро познат ривал на Македонија.

Хрватите поведоа преку Иван Перишиќ во 24 минута, но во второто полувреме, во 71 минута Ангуло Вбејмар и донесе реми на Ерменија.
Нерешено одигра и Словачка и тоа против Бугарија (1:1), а двата гола беа постигнати во првите 30 минути. Бугарите преку Илиев во деветтата минута го отворија резултатот, но Словачка во 27 минута дојде до израмнување со голот на Бенеш.

Селекцијата на Косово со четирите гола на Муричи со 4:1 го совлада Сан Марино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот