ВИДЕО | Хит реакција на Кајли Џенер за Ирина Шајк која прошета со истиот џиновски лав

Фото: Инстаграм/ Твитер

Старлетата и милијардерка Кајли Џенер беше гостинка на речиси секоја модна ревија во склоп на Неделата на висока мода што се одржа во Париз.

Дваесет и пет годишната ријалити ѕвезда и мејкап магнат присуствуваше на ревијата за висока мода на Скиапарели во понеделникот, облечена во црн кадифен фустан без прерамки, дизајниран од Даниел Роузбери, со џиновска лавовска глава закачена на нејзиното рамо.  Меѓутоа, Кајли не беше единствената со тој фустан на ревијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Schiaparelli (@schiaparelli)


За жал на Кајли, токму манекенката Ирина Шајк се прошета на истата ревија пред неа во фустан со закачена лавовска глава, со оглед на тоа што беше една од главните и најзборувани креации на Скиапарели. Но, со една важна разлика. Имено, лавот на Ирина ги „покажа“ забите.

Во сега веќе виралниот клип, Кајли седи во првиот ред и гледа во Ирина Шајк која е облечена во истата креација, а притоа кимнува со главата во ритамот на музиката. Не е јасно дали Кајли знаела дека истиот фустан ќе се најде на пистата.

Иако, се чини, се работи за однапред подготвен план на дизајнерот, сепак, луѓето многу се забавуваат со реакцијата на Кајли, бидејќи ријалити ѕвездата не успеала да го сокрие својот „љубоморен“ поглед и израз на лицето.

Екипата на Твитер веднаш се досетила на филмот „Zoolander“, а потоа почнале мемињата на сметка на Кајли.


„Зарем не мразиш кога ќе дојдеш на забава, а некој носи иста лавовска глава како тебе?, напишала една твитерџика, а друга додала: „Некој ѝ го украл изгледот Лавот, вештерката и орманот“.

ВИДЕО+ФОТО | Кајли Џенер прошета со лавовска глава во Париз

ФОТО | Најпознатата модна инфлуенсерка го облече „голиот“ фустан на Лепа Брена

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот