ФОТО | Најпознатата модна инфлуенсерка го облече „голиот“ фустан на Лепа Брена

Фото: Профимедиа / Принтскрин - Инстаграм

Една од највлијателните жени во светот на модата, германската инфлуенсерка Леони Хане, беше гостинка на шоуто на „Schiaparelli“  на Модната недела во Париз.

Секако, таа донесе креација на „Schiaparelli“  – фустан со исцртани контури на женски облини во црно – златна боја. Дизајнот на фустанот во кој Леони продефилира пред фотографите потсетува на модниот избор на Лепа Брена во новогодишната емисија на една хрватска телевизија.

Фото: Профимедиа

 

Лепа Брена пред скоро еден месец се појави во многу сличен фустан, дизајниран од Борис Карготиќ – моден дизајнер од Сплит.

Лепа Брена
Фото: Инстаграм/Demode atelier

Модниот избор на популарната пејачка беше топ тема и мета на бројни негативни коментари на Твитер за време на празничните денови. Брена во изјавата за Слободна Далмација, одговори на сите тие негативни коментари.

„На нашите лажни моралисти, кои ги има премногу, се што е нормално не им привлекува внимание. Додека во денешно време партнери убиваат жени, силуваат девојчиња и не ги прифаќаат правата на геј популацијатам , а да не зборувам за војна во 21.век и за ширењето на верската и националната омраза…насликаните златни гради на фустан се проблем! Е, па тие се мој мал придонес за сите лажни моралисти во ова сурово време во кое живееме“ – истакна тогаш Брена.

Славната пејачка истакнува дека фустанот бил посветен на мајките и на жените од целиот свет. Хане очигледно има ист вкус за мода како Лепа Брена и обожава да носи екстравагантни парчиња.

Фото: Профимедиа

Иако модните инфлуенсери ширум светот во последно време се повеќе се потпираат на ненаметливиот дизајн, воздржаните комбинации на бои и ноншалантноста, Леони сака се што привлекува внимание, но знае и како да го покаже – како што штотуку видовме во Париз.

ВИДЕО | Овој спот на Лепа Брена бил забранет од Југословенската армија

ФОТО | Лепа Брена одговори на критиките за новогодишниот фустан

ФОТО | Лепа Брена одговори на критиките за новогодишниот фустан

Видео на денот