ВИДЕО | Овој спот на Лепа Брена бил забранет од Југословенската армија

Фото: Принтскрин

Лепа Брена во 1990-тите сними провокативен спот со поддршка на познатиот српски режисер, фотограф и мејкап артист Дејан Милиќевиќ, но за жал, истиот се емитувал само два дена. На раководството на тогашната Југословенска армија, спотот на Брена не им се допаднал и затоа бил забранет да се емитува на телевизија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)


Станува збор за екранизирана верзија на песната „Љубав је“ од 1996 година.

„Никогаш нема да ми биде јасно зошто Југословенската армија се срамеше од видеото со Лепа Брена“, изјавил во една прилика Милиќевиќ.

Имено, два дена откако се емитувал на српската телевизија „Пинк“ и собрал бројни позитивни коментари дека Брена изгледа светски, пристигнало писмо од Генералштабот во кое било наведеное дека строго се забаранувало понатамошното прикажување на видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dejan Milicevic (@dejan_milicevic)

„Можеше да биде видео за сите времиња. Брена маршира со специјалната единица, пее во касарна, војници околу неа вежбаат…“, истакнал Милиќевиќ.

По долги години видеото, поточно забранетиот музички спот  на Брена е објавен ЈуТјуб:

ВИДЕО | Лепа Брена со ананас ја тестираше издржливоста на нејзините хулахопки

ВИДЕО | „Долги нозе за играње“: Огњен Амиџиќ ги тестираше хулахопките на Лепа Брена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот