ВИДЕО+ФОТО | Кајли Џенер прошета со лавовска глава во Париз

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Американската ријалити ѕвезда и претприемачка Кајли Џенер носела џиновска лавовска глава закачена на нејзиниот црн фустан на ревијата на „Schiaparelli“ на модната недела во Париз. Кајли го привлекла вниманието со огромен кадифен моден додаток додека позирала пред фотографите пред ревијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Schiaparelli (@schiaparelli)


Лажната лавовска глава била сошиена на предниот дел на елегантен црн фустан без прерамки, кој ја истакнувал нејзината фигура и облини. Кајли изданието го комплетирала со пар златни чевли и чанта од змиска кожа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie Jenner (@kardior)


Токму фустанот што го носела е парче на брендот „Schiaparelli“, а такви парчиња на модната писта носеле Ирина Шајк и Наоми Кембел.Брендот претставил фустани кои на себе имале три извезени животни – леопард, лав и волчица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniel Roseberry (@danielroseberry)

Тие на Инстаграм напишаа дека трите животни претставуваат страст, ароганција и алчност во иконската алегорија на Данте, што истовремено треба да биде метафора за сомнежот и креативните маки што ги доживуваат сите уметници, вели креативниот директор Даниел Роузбери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Schiaparelli (@schiaparelli)


Тие нагласија и дека се работи за вештачки животни кои се рачно направени со вештачко крзно од пена, смола, волна и свила и се рачно насликани за да изгледаат што пореално.

ФОТО | Необично: По речиси една година, Кајли Џенер го откри името на синот

ВИДЕО | Трик за прикривање на темните кругови под очите што го користи и Кајли Џенер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот