ФОТО | Необично: По речиси една година, Кајли Џенер го откри името на синот

Кајли Џенер
Бремената Кајли Џенер и рачето на нејзиното бебе / Фото: Инстаграм, Кајли Џенер

Американската ријалити ѕвезда и претприемачка Кајли Џенер и раперот Тревис Скот пред помалку од една година му посакаа добредојде на нивното второ дете. Семејството Кардашијан-Џенер е познато по тоа што на своите најмали членови им дава уникатни имиња, па затоа многумина се прашуваа како ќе се вика синот на Кајли и Тревис.

По една година, дилемата заврши. За првпат Џенер објави фотографии од синот што го доби со раперот Тревис Скот и го откри неговото име. „Аир“ е името на синот на ријалити ѕвездата. Фотографиите за рекордно време собрале повеќе од 16 милиони лајкови. Момчето е родено во март минатата година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aire Webster (@airewebsterrrr)


Кајли претходно во една од епизодите на реалното шоу Кардашијан изјави дека нејзиниот син се вика Волк, но потоа откри дека повеќе не и се допаѓа името.

„Моравме брзо да го потпишеме изводот од матичната книга на родените, а штом го потпишав знаев дека најверојатно ќе му го сменам името. Едноставно не му одговара“, рече таа.

Пред неколку дена беше објавено дека Кајли и Тревис решиле да ја прекинат врската.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie Jenner (@kyliejclip)

„Тие требаше да ги поминат празниците заедно, но таа одлучи да оди во Аспен за да биде со семејството и пријателите. Тие ќе останат пријатели и ќе продолжат да ги воспитуваат своите деца заедно”, открил извор за американските медиуми.

Кајли и Тревис ја имаат и четиригодишната ќерка Сторми.

Кајли Џенер и Тревис Скот се разделиле

ВИДЕО | Трик за прикривање на темните кругови под очите што го користи и Кајли Џенер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот