Кајли Џенер и Тревис Скот се разделиле
Американската ријалити ѕвезда и претприемачка Кајли Џенер и нејзиниот партнер, раперот и текстописец Тревис Скот, ја прекинаа врската и решија да останат во пријателски односи, тврди извор за „Us Weekly“.
Препорачано
„Тие требаше да ги поминат празниците заедно, но таа одлучи да оди во Аспен за да биде со семејството и пријателите. Тие ќе останат пријатели и ќе продолжат да ги воспитуваат своите деца заедно“, открил изворот.

Џенер и Скот ја имаат четиригодишната ќерка Сторми и единаесетмесечниот син Волф, а сè уште официјално не го објавиле раскинувањето.
Парот се запознал преку заеднички пријатели, а врската брзо напредувала, па Кајли после неколку недели забременила. Во февруари 2018 година, тие ја добија ќерката Сторми Вебстер.
Кајли Џенер целата бременост ја чуваше во тајност, па раѓањето на малата Сторми беше вест на денот во сите светски медиуми. Двојката ја прекина врската следната година, а блиски извори им рекоа на новинарите дека само паузираат. Кајли и Тревис ја обновија врската во 2021 година, а во февруари, минатата година добија второ дете.


