ВИДЕО: Хет-трик на Јамал и убедлива победа на Барселона над Виљареал
Фудбалерите на Барселона убедливо славеа над Виљареал со 4-1 и направија чекор напред во трката за титулата. Каталонците сега имаат четири бода повеќе од Реал Мадрид, но и одигран натпревар повеќе.
Препорачано
Иако се очекуваше неизвесна пресметка меѓу водечкиот и третиот тим на табелата, домаќините уште во првото полувреме го скршија отпорот на „жолтата подморница“. Во 28. минута, по одлична асистенција од Фермин, блесна Ламин Јамал, кој ја затресе мрежата за 1-0. Само десет минути подоцна, истата комбинација донесе нов погодок, повторно Фермин го пронајде Јамал, кој издрибла неколку противнички фудбалери и погоди за 2-0.
Виљареал се врати во игра на стартот од вториот дел, кога Геј намали на 2-1 и внесе доза неизвесност. Сепак, Барселона брзо ја врати контролата. Во 69. минута Јамал го комплетираше хет-трикот, овојпат по додавање од Педри, за сигурни 3-1 и практично решен победник.
Точката на убедливата победа ја стави Роберт Левандовски во судиското продолжение, поставувајќи ги конечните 4-1 и крунисувајќи уште една доминантна вечер на Барселона.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
50мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


