Харисон Форд и Џесика Вилијамс - Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ imdb

ВИДЕО | Харисон Форд јадеше чипс среде говорот на својата колешка и ги насмеа присутните

Актерот Харисон Форд (82) привлече внимание на синоќешното доделување на наградите САГ. За време на церемонијата на отворањето на доделувањето на наградите, легендарниот 82-годишен актер јадел чипс, што целосно ја збуни неговата колешка Џесика Вилијамс, додека го држеше својот говор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IMDb (@imdb)

„Лос Анџелес е познат како град на соништата – и, навистина, сите мои соништа овде се остварија“, го започна својот говор Вилијамс.

Но, додека таа зборуваше пред камерата, Форд седеше зад неа и јадеше чипс, што ѝ го одвлече вниманието. Таа збунето застана, се насмеа и извика: „Му реков да се сврти!“. Форд потоа се сврте кон масата и продолжи да јаде. „Не гледај!“, извика Вилијамс смеејќи се.

Таа го продолжи својот говор: „Од мојот сон да се подготвам за аудиција во тоалетот во Старбакс, до мојот сон да плачам во тоалетот во Дел Тако по аудицијата. Го реализирав сонот да се пресоблечам во автомобил паркиран на улица, не толку фенси за некоја жена да повика полиција“. Кога завршила со зборувањето, Вилијамс се свртела кон Форд и на шега го удрила во градите, додека двајцата се смееле.

Вилијамс и Форд глумат заедно во серијата „Shrinking“ заедно со Џејсон Сегел, Лук Тени, Мајкл Ури и Криста Милер. Целата екипа беше номинирана за извонредна изведба од ансамбл во хумористична серија на наградите САГ, додека Форд беше номиниран и за најдобра машка улога на актер во хумористична серија.

Џесика Вилијамс е американска актерка, комичарка и сценарист, позната по улогата во серијата „Shrinking“ и како една од водителките на популарниот поткаст „2 Dope Queens“. Таа, исто така, глумеше во филмови како „Фантастични ѕверови: Злосторствата на Гринделвалд“ и „Буксмарт“, а пошироко се препознава со нејзината работа во сатиричната емисија „Дејли шоу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот