Фото: Инстаграм/„Интервју“

ФОТО+ВИДЕО | Хаотично, искрено и ретро: Прво заедничко интервју и фотосесија на Зендеја и Роберт Патинсон

Актерите Зендеја и Роберт Патинсон позираа за мартовското издание на списанието „Интервју“, во рамки на промоцијата на нивниот нов филм „Драмата“ (The Drama).

Фотосесијата е реализирана во куќа со ретро-стил и минимален мебел, а фотографиите прикажуваат креативна и необична естетика, како и блиското пријателство меѓу двајцата актери.

Насловната страница на „Интервју“ / Фото: Инстаграм/„Интервју“

Патинсон носи бела маица со прерамки и панталони, додека Зендеја позира зад неговиот грб, со ногата обвиткана околу неговиот струк, облечена во креација со прерамки, чипкани детали и набрани ракави. Нивната коса и шминка дополнително го нагласуваат визуелниот впечаток – Зендеја со кадрава руса коса, Патинсон со перика во иста нијанса, а двајцата со црвен кармин.

Фотографиите се инспирирани од филмот „Што се случи со Бејби Џејн“ (What Ever Happened to Baby Jane?) од 1962 година, со Бети Дејвис и Џоан Крафорд во главните улоги. Визуелната приказна продолжува низ целата фотосесија, вклучително и сцени во сини цветни фустани.

Фото: Инстаграм/„Интервју“

Фотографијата ја реализираше Надја Ли Коен, додека за стајлингот беа задолжени долгогодишниот стилист на Зендеја Ло Роуч и уредникот на списанието Мел Отенберг.

Иако моментално го промовираат „Драмата“, Зендеја и Патинсон за време на снимањето на филмовите „Дина: трет дел“ (Dune: Part Three) и  „Одисејата“ (The Odyssey), кои излегуваат оваа година, развиле блиско пријателство.

Фото: Инстаграм/„Интервју“

Патинсон филмот го опишува како „романтична драма со комични елементи“ и додава дека особено му се допаѓаат прикажаните станови, додека Зендеја истакнува дека ѝ се допаѓа облеката.

„Ова е наше прво заедничко интервју, па затоа сè е малку хаотично, бидејќи првото интервју секогаш е најтешко. Не сум сигурна како точно да зборувам за филмот“, додава Зендеја.

Фото: Инстаграм/„Интервју“

Патинсон признава дека комбинацијата од разговор и фотосесија може да биде збунувачка: „Кога луѓето ќе видат разговор во комбинација со фотографии, се прашуваат – за што тие всушност зборуваат“.

„Драмата“ започнува со прикажување во кината од 3 април.

ВИДЕО | Роберт Патинсон за соработката со Зендаја: „Фантастична е, вакво искуство нема во ниту една професија“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот