Фото: Screenshot

ВИДЕО | Хаос во Шпанија: Голман како на бокс-меч нокаутираше фудбалер откако виде дека е исклучен

На натпреварот од Втората шпанска лига меѓу Уеска и Сарагоса која се играше вчера, фудбалот остана во втор план поради инцидент што предизвика вистински хаос на теренот.

Во центарот на вниманието се најде голманот на Сарагоса, Естебан Андрада. Тој најпрво оттурна противнички играч, по што заработи втор жолт картон и автоматско исклучување. Но тука не застана, револтиран од одлуката, се врати и со удар во глава го нокаутираше истиот фудбалер.

Ситуацијата брзо ескалираше. Иако неговите соиграчи се обидоа да го смират, не успеаја да го спречат. На теренот настана вистински хаос, се вмешаа повеќе играчи, а во целата гужва беше тешко да се разликува кој кого напаѓа и што точно се случува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот