ВИДЕО | Гранада по четири месеци победи во Ла Лига

Фото: EPA-EFE/Miguel Angel Molina SERGIO GONZALEZ","ALEXANDER MEDINA

Фудбалерите на Гранада во вечерашниот натпревар го победија Кадиз со 2:0 во првиот натпревар од 19-тото коло во шпанскиот шампионат и овој триумф за Гранада беше прв во Ла Лига по пауза од четири месеци.

Гранада за првпат сезонава успеа да ја сочува мрежата на еден натпревар, додека гостинскиот тим не победи ниту на осмиот натпревар во низа. До водство Гранада дојде во 22. минута со голот на Мирто Узуни и тоа откако претходно противникот создаваше повеќе прилики.

Кадиз нападна во вториот дел, а клучен беше црвениот картон за Рубен Собрино кој при еден напад непотребно и далеку од топката го собори Виљар. Брајан Сарагоса го постави конечниот резултат во 70-татам инута.

Во овој момент Гранада е на 19. место со 11 освоени бодови, Кадиз со четири бода повеќе две позиции погоре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот