ВИДЕО | Ѓоровиќ: Аутсајдери сме, но во Рига одиме на прва победа во овој циклус

Нашите девојки повторно ќе патуваат во Рига, каде ќе се одржи новиот квалификациски турнир на ФИБА и на кој ќе се обидат да стигнат до посакуваната прва победа во овој циклус.

Селекторот Владимир Ѓоровиќ и неговите асистенти Срѓан Дамјановски и Александар Ашаданов ќе се обидат овој тим кој е во Охрид, заедно со Анџелика Митрашиновиќ и Девана Бонер да го направи тоа.

-Изигран е првиот дел од сезоната, освежени сме во тимот со уште неколку помлади кошаркарки со што се надевам дека ќе се зголеми конкуренцијата. Нас ни фалат Јелена Антиќ која моментално е во Катар каде спроведува завршен дел на рехабилитација.

Девана Бонер минатата недела настапуваше на ФИБА купот, после тоа е вратена во САД и очекуваме да пристигне директно во Рига, каде ќе имаме време за шест тренизи каде ќе има доволно врем да се уклопи во тимот. Капитенот Анџелика Митрашиновиќ очекуваме да дојде во Охрид и да се комплетира екипата.

Моментално турнирот во нашата група во Рига е една од најаките групи, бидејќи не е јасно кои екипи ќе се пласираат понатаму. Ние сме аутсајдери, немаме шанса за тоа но Летонија, Германија и Хрватска се во игра за пласман на ЕУ. Тоа можеби ќе биде и наша предност бидејќи ќе бидат под страшен притисок.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот