Фото: EPA/RICCARDO ANTIMIANI

ВИДЕО | Голманот на Лацио, Едоардо Мота, одбрани четири пенали за финале во Купот на Италија

Фудбалерите на Лацио се пласираа во финалето на Купот на Италија откако во средата ја победија Аталанта со вкупен резултат 3:2 во Бергамо во реваншот од полуфиналето по подобро изведување на пенали.

Резултатот остана нерешен по 90 минути и продолженијата – 1:1, додека првиот натпревар во Рим беше 2:2. Аталанта можеше да поведе во 61 минута, но голот на Едерсон беше поништен поради прекршок на Никола Крстовиќ.

Лацио прв поведе во натпреварот, по голот на Алесио Ромањоли во 84 минута, но само две минути подоцна, хрватскиот фудбалер Марио Пашалиќ израмни за тимот од Бергамо.

На Аталанта ѝ беше поништен и еден гол во петтата минута од првото продолжение, овој пат стрелец беше Џакомо Распадори, но еден од играчите на домашниот тим беше во офсајд на почетокот на акцијата.

Херој на Лацио во ударите од белата точка беше голманот Едоардо Мота кој четири пати не дозволи да биде затресена неговата мрежа. На крајот римскиот клуб беше подобар со 2:1, за Лацио прецизни беа Исаксен и Тејлор, а кај Аталанта единствено успешен беше Распадори

Ова ќе биде 11 настап на Лацио во финалето на Купот на Италија, а последен пат ја освоија титулата во 2019 година. Лацио за пехарот во ова натпреварување ќе игра против Интер на 13 мај на стадионот „Олимпико“ во Рим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот