Фото: Принтскрин/Видео: Дирекција за заштита и спасување

ВИДЕО | Голем пожар во близина на Струмица – горат купишта гуми

Голем пожар избувна попладнево избувнал во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и со голема брзина се шири кон месноста Софилар и куќите во тој дел на градот, јавува МИА.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, се работи за пожар од големи размери, кој засега го гаснат 30 пожарникари и 10 возила, а побарана е помош од пожарникарите од Валандово и вклучување на хеликоптер.

Од СВР Струмица попладнево упатија апел до граѓаните да не се движат во делот зафатен со пожар, а лицата кои се затекнати таму веднаш да го напуштат подрачјето.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов уверува дека нема опасност пожарот да се прошири на населените места и дека црниот чад доаѓа од горење на купишта гуми.

Пожари и натаму беснеат насекаде низ Македонија, најкритично е кај Прилеп, Василево, Берово и Штип

Според него, имало опасност огнот да зафати неколку викендици, но пожарникарите го стопирале и превенирале да се прошири на градските гробишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот