Пожар / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Пожари и натаму беснеат насекаде низ Македонија, најкритично е кај Прилеп, Василево, Берово и Штип

Пожари беснеат низ неколку региони во државата, најкритични се Прилеп, Василево, Берово и Штип. Надлежните служби на терен, но непристапниот терен и ветерот ја отежнуваат контролата.

До 12 часот во Македонија се регистрирани се 12 пожари на отворен простор, од кои шест се сè уште активни, три се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Еден од најсериозните пожари се шири меѓу струмичкото село Василево, Радовиш и Берово, каде гори планински предел – Голем Готен и делови од Малешевските Планини. Станува збор за пожар кој уништува нискостеблеста шума, смрека и густа вегетација, а пристапот до некои точки е речиси невозможен за теренските екипи. Кризниот штаб од Берово синоќа ги повика сите граѓани кои можат, да се вклучат во гаснењето на големиот пожар.

Во Прилепскиот регион, два пожари се сè уште активни. Едниот се проширува во село Бешиште, каде огнот се движи кон село Градешница и кон граничниот појас со Грција, горејќи мешана шума. Вториот пожар е активен во кракот кон село Дрен, додека делот помеѓу Царевиќ и Смолани засега е под контрола. Овие пожари постојано се реактивираат поради ветерот и високите температури.

Во општина Македонски Брод, повторно се шири пламен меѓу селата Црешево, Локвица и Крапа. Станува збор за пожар кој зафаќа деградирана дабова шума и грмушки, а теренот е крајно непристапен. Штипскиот регион се бори со нов пожар помеѓу селата Драгоево и Селце, каде гори нискостеблеста шума, прнар и сува трева, што ја зголемува опасноста од неконтролирано ширење.

Во општина Желино, повторно се активирал пожарот меѓу селата Церово и Групчин, каде гори деградирана и нискостеблеста шума, а огнот е на тешко пристапни падини.

Од другите пожари, три се ставени под контрола — кај Грешница и Латово (Македонски Брод) и во Јунузлија (во штипската општина Карбинци). Иако ситуацијата таму е под контрола, надлежните остануваат на терен поради ризикот од повторна активација.

ЦУК и сите надлежни служби апелираат на внимателност, особено кај граѓаните кои се движат или престојуваат во природа. Човечки фактор останува една од главните причини за настанување на пожари, а последиците можат да бидат катастрофални.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот