Фото: EPA/Andreu Dalmau

ВИДЕО | Гол кој вреди да се погледне, „магија“ на Јамал против Реал Овиедо

Фудбалерите на Барселона се враќаат на врвот во најсилната шпанска лига откако денеска на домашен терен со 3:0 го совладаа Реал Овиедо.

Овиедо се бранеше многу добро и дисциплинирано на „Спотифај Камп Ноу“ во првите 45 минути и ги намали Каталонците на неколку обиди и една добра шанса на Рафиња, но исто така промаши двапати преку Хасан за да ги шокира домашните навивачи.

Сепак, Каталонците се еден од најдобрите тимови на Стариот континент во однос на процентот на реализирани погодоци на грешката на противникот.

Гол серијата на Барса во вториот дел ја почна Олмо (52`), а само пет минути подоцна, Рафиња елегантно го лобуваше голманот за зголемување на предноста.

Конечниот епилог го постави Ламин Јамал кој во 73 минута го постигна еден од своите најубави голови во својата кариера. Олмо испрати центаршут, а Јамал прекрасно реагираше со волеј-ножички за 3:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот