Aнтоан Семењо/Manchester City

ВИДЕО: Гол и асистенција за Семењо, Манчестер сити „броеше“ до десет во ФА Купот

Манчестер сити немаше милост и во рамки на ФА Купот го декласира третолигашот Екстер со убедливи 10-1. Иако противникот беше од третиот ранг на англискиот фудбал, Пеп Гвардиола на теренот го испрати силен состав состав, меѓу кои беа Халанд, Рејндерс, новото засилување Антоан Семењо и Родри.

Головите почнаа да се редат уште во 12-та минута кога Алејена го отвори резултатот, а Родри брзо ја зголеми предноста. Првиот дел заврши со уште два автогола на гостите, што ја направи предноставеќе недостижна.

Во вториот дел блесна новото засилување Семењo, најпрво асистираше за Рико Луис во 49-та минута, а пет минути подоцна и сам се запиша во листата на стрелците. До крајот на мечот голови постигнаа Рејндерс, О’Рајли, уште еднаш Луис, а на својот првенец во дресот на „граѓаните“ се израдува и младиот Мекаидо. Едниот погодок за гостинската екипа го постигна Брич.

Со ова, Манчестер Сити за првпат во ерата на Пеп Гвардиола постигна двоцифрен број голови во еден официјален натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот