ВИДЕО: Го загуби мечот, но успеа да постигне 60 поени за Вашингтон!

Фото: EPA-EFE/Geoff Burke/POOL

Доцна синоќа вечерта во НБА лигата во центарот на вниманието се најде Бредли Бил, одличниот бек на Вашингтон.

Играчот на Визардс реализираше дури 60 поени, но тоа не беше доволно да се спречи поразот на неговата екипа, вкупно шести сезонава.

Филаделфија која триумфираше со 141:136 е првопласирана во Источната конференција (7-1) и веќе наредниот ден има нов предизвик против Бруклин Нетс.

Бил успеа да постави рекорд на кариерата (20/35 од поле, 7/10 за три поени, седум скока, пет асистенции), воедно и втора најдобра партија во сезоната 2020/21, откако претходно Стеф Кари забележа 62 поени за Голден Стејт Вориорс.

НБА, резултати –

Индијана Пејсерс-Хјустон Рокетс 114:107
Орландо Меџик-Кливленд Кавалирс 105:94
Филаделфија Сиксерс-Вашингтон Визардс 141:136
Атланта Хокс-Шарлот Хорнетс 94:102
Мајами Хит-Бостон Селтикс 105:107
Њујорк Никс-Јута Џез 112:100
Милволи Бакс-Детроит Пистонс 130:115
Њу Орлеанс Пеликанс-Оклахома Сити Тандер 110:111
Феникс Санс-Торонто Репторс 123:115
Голден Стејт Вориорс-Лос Анџелес Клиперс 101:108
Сакраменто Кингс-Чикаго Булс 128:124

Табела, Западна конференција –
1.Лос Анџелес Лејкерс 6-2
2.Феникс Санс 6-2
3.Лос Анџелес Клиперс 6-3

Табела, Источна конференција –
1.Филаделфија Сиксерс 7-1
2.Индијана Пејсерс 6-2
3.Орландо Меџик 6-2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот