ВИДЕО: Гилџес-Александер испиша историја и израмни рекорд на Чембрлен, трипл-даблот на Јокиќ не беше доволен
Шеј Гилџес-Александер погоди тројка со чекор наназад на само 2,7 секунди пред крајот и стави точка на драматичната завршница, со што го израмни рекордот на Вилт Чембрлен по бројот на натпревари по ред со најмалку 20 поени. Неговата Оклахома во возбудлив натпревар го совлада Денвер Нагетс со 129:126.
Препорачано
Гилџес-Александер мечот го заврши со 35 поени и рекордни 15 асистенции во својата кариера, а притоа немаше ниту една загубена топка. Со тоа стана само втор играч во историјата на НБА-лигата со ваков учинок. Покрај тоа, додаде и девет скока. Во третата четвртина ја достигна границата од 20 поени по 126-ти пат по ред, со што го израмни легендарниот рекорд на Чембрлен поставен во периодот од 1961 до 1963 година.
Оклахома сега има шест победи без пораз откако Гилџес-Александер се врати на терените по повредата на стомачниот мускул поради која пропушти девет натпревари. Џејлен Вилијамс постигна 29 поени, додека Ејџеј Мичел, кој се врати на паркетот по пауза од 20 натпревари поради иста повреда и истегнување на левиот зглоб, придонесе со 24 поени.
На спротивната страна, Никола Јокиќ повторно блескаше за Денвер со 32 поени, 14 скока и 13 асистенции, но неговиот трипл-дабл сега не беше доволен. За српскиот центар ова беше 24-ти трипл-дабл сезонава и вкупно 188-ми во кариерата.
РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Филаделфија 115-101
Бруклин – Мемфис 126-115
Оклахома – Денвер 129-126
Јута – Голден Стејт 119-116
ЛА Клиперс – Њујорк 126-118


