Фото: „Кој е следен“/Принтскрин

ВИДЕО: Герила-акција кај „Идризово“ пред судењето за Кочани: „Ве гледаме!“

Движењето „Кој е Следен?“ денеска изведе герила-акција пред судницата во затворот „Идризово“, непосредно пред почетокот на судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Со транспарентот на кој пишува „Ве гледаме!“, активистите порачаа дека им се должи правда на сите кои ги загубија животите и дека нема да дозволат таа да остане само празно ветување. Според нив, судската власт од денеска е „под лупа“.

ФОТО+ВИДЕО | Почнува судењето за пожарот во „Пулс“

Од движењето бараат непристрасен, професионален и целосно транспарентен судски процес, ослободен од политички влијанија. Судии кои ќе го водат случајот, велат тие, имаат должност да покажат интегритет, храброст и почит кон законот.

Активистите прашуваат дали правосудството ќе успее да одолее на притисоци или повторно ќе ја потврди недовербата на јавноста.

Тие подвлекуваат дека правдата за жртвите од пожарот во Кочани не е избор, туку обврска.

Новите осомничени функционери ќе се гонат со стари „поблаги“ санкции

Движењето најавува активности за да се обезбеди одговорност и да се слушне гласот на засегнатите. Тагата, велат, мора да се претвори во цел, а општеството да се обедини за промена.

„Правда мора да има“, порачуваат од „Кој е Следен?“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот