ВИДЕО | Герасимовски: Дебар Маало со нов лик – добива два паркинга, парк, шеталиште и нова општинска зграда

Герасимовски го презентираше и новиот проект, со кој, како што вели, Дебар Маало добива сосема нов лик / Фото: Скриншот, Јутјуб

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од СДСМ и Коалицијата, Горан Герасимовски во рамки на предизборната кампања најави ново шеталиште, нов парк, два нови паркинга и нова општинска зграда.

Герасимовски го презентираше и новиот проект, со кој, како што вели, Дебар Маало добива сосема нов лик.

– Во овој круг на руинирани бараки, на средина ќе има мала модерна административна зграда во која покрај Советот ќе биде сместен Младинскиот центар и други здруженија на граѓани кои работат во интерес на жителите на Општина Центар. За поголема безбедност на граѓаните на отворениот простор кон булевар „Илинден” ќе бидат лоцирани комуналната полиција и противпожарната бригада со едно до две противпожарни возила. Голема површина зеленило предвидуваме кон улица „Орце Николов” кое ќе биде претворено во мало шеталиште, хортикултурно уредено со модерна урбана опрема и ЛЕД – осветлување. На местото на првата барака до улица „Орце Николов” ќе биде сместен подземен паркинг на две нивоа за 300 возила, додека оградата ќе се замени со нова од еколошки материјали, изјави Герасимовски.

Тој посочи дека ќе биде обезбеден и пристап до портата на старата Учителска школа што ќе биде реставрирана со цел да се истакне нејзината културно-историска вредност. Герасимовски исто така најави и промени на местото на поранешен ПУИК.

– На местото на ПУИК за деловна зграда ќе се задржи само една парцела додека другиот простор ќе биде претворен во нов парк и монтажна гаража со нови 296 паркинг места. Неговата вредност изнесува 58 милиони денари и ќе овозможи непречено и безбедно движење, додаде Герасимовски.

Програмата на кандидатот од СДСМ вклучува улицата „Орце Николов” да биде целосно резидентна и слободна зона за велосипеди и пешаци. Тој најави оти ќе биде претворена во „Смарт зона” во која преку мобилна апликација граѓаните ќе дознаваат за слободните паркинг места.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот