ВИДЕО | Галевски: Агенцијата за филм да аплицира за подароци кај Дедо Мраз, од типот пари за филмот

„Има еден податок дека највеќе писма на Дедо Мраз, желби за Дедо Мраз пишуваат Французите, а не Американските. Тие го имаат Сент Ник, Свети Никола и мислам дека повеќе веруваат дека повеќе веруваат во нивниот Свети Никола отколку во американскиот Сента Клаус, рече портпаролот на Дедо Мраз Влатко Галевски во утринска програма на „Слободен печат“.

Во однос на новинарското прашање, дали може портпаролот да издвои два лоши и два добри филма за оваа година, тој одговори дека би било неупатно тоа да го направи.

„Јас сум и на радио и пишувам многу текстови во текот на годината и се обидувам да сугерирам и кај Дедо Мраз една објективна слика за филмската продукција во Македонија. Генерално сметам дека многу е подобрена продукцијата. За жал, што се однесува до финансиите, и до финансирање на филмовите, ситуацијата е се полоша. Мислам дека тоа треба да биде приоритет и на Дедо Мраз и на државата да подобрат нешто. Имам јавен предлог: Агенцијата за филм да аплицира за подароци кај Дедо Мраз, од типот пари за филмот“, потенцираше Галевски.

Тој дополни дека нема пишувачи за филм, ниту за литература, театарска или ликовна критика.

„Тоа што се еден конгломерат од стилови, вкусови, архива, историја, традиција, сето тоа како да не обесхрабрува да работиме на план на култура, уметност. Јас советувам и кај Дедо Мраз дека треба да се подобри ситуацијата. Во една прилика го прашав господинот Унковски зошто нема списанија за театар, за театарска критика, за осврти, за анализи, есеи. Одговорот е нема кој да пишува“, посочи Галевски.

Тој заклучи дека и во политиката и во економијата и во се има провлекувања на необјективност и дека не сме единствени во светот.

Целиот разговор со Влатко Галевски погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот