ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Галевски како портпарол на Дедо Мраз: 99% од филмовите за Санта Клаус се лоши и просечни
„Превозот е проблем. Проблем се финансии. Има проблеми од типот на кој што сака. Желбите тешко се исполнуваат и мислам дека оваа генерација на верувачи во Дедо Мраз е многу алчна и јас како портпарол на Дедо Мраз не би се согласил да го добијат, но да ги оставиме проблемите, има и убави работи, рече Влатко Галевски портпаролот на Дедо Мраз во утринска програма на „Слободен печат“.
Препорачано
Во однос на неговиот превоз, на новинарското прашање дали таквиот тип на превоз е спор, портпаролот на Дедо Мраз одговори дека има промени. Тој како податок го посочи фактот дека во 2013 Дедо Мраз добил пилотска дозвола од Канадската влада и добил пасош.
„Така му е олеснето патувањето низ светот. Ова се податоци кои не би требало да ги откријам, но се факт. Меѓутоа, тука се климатските промени. Има магла, снегови каде што немало досега. Не е се глатко ни кај Дедо Мраз“, потенцираше Галевски.
Тој дополни дека 99% од филмовите за Санта Клаус и за Дедо Мраз, Свети Никола се лоши,просечни, а добрите се ретки.
-„Лошиот Санта“ со Били Боб Тортон е добар, и ќе спомнам еден лош со Шварценегер. Се обиделе да направат нешто комично а беше жално. Моите совети на Дедо Мраз е се` почесто да гледа од скандинавската продукција, врвна продукција во последите 15, 20 години. Имаат сериозна конкуренција во корејскиот филм, во јужноамериканскиот филм, иранскиот. Но, мислам дека естетиката на нордиските филмови се вклопува во животниот стил на Дедо Мраз, затоа што тој е од Финска, потенцираше портпаролот.
Тој заклучи дека е спорно неговото потекло, „некои мислат дека е во Аљаска, други дека е во Финска. Се` уште не е утврдено“, продложи во духот на сатирата портпаролот на Дедо Мраз.
Целото интервју со Влатко Галевски погледнете го во продолжение:


