ВИДЕО: Галено со прекрасен гол во 94 минута го урна Арсенал, Осимен за реми против Барса

фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

На стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол, во првиот натпреар од осминафиналето во Лигата на шампионите ремизираа екипите на Наполи и Барселона со резултат 1:1 (0:0).

Каталонскиот гигант поведе во 60 минута со погодокот на Левандовски, а израмнија домаќините преку Осимен во 75 минута.

Реваншот помеѓу Барселона и Наполи ќе се одигра на 12 март со почеток од 21.00 часот.

На дуелот одигран на „Драгао“ во Португалија составот на Порто со 1:0 триумфираше над Арсенал.

Единствениот гол на мечот беше реализиран во судиското надополнување преку Галено по асистенцијата на Отавио (90+4`).

Галено можеше и многу порано да се запише во листата на стрелците, во текот на првото полувреме од само пет метри ја погоди стативата, топката се одби до неговите нозе, а потоа шутираше покрај голот.

Возвратната пресметка помеѓу Арсенал и Порто е закажана за 12 март на стадионот „Емирати“ во Лондон од 21.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот