ВИДЕО: Фудбалски натпревар траеше само пет секунди!

EPA/ADAM CIERESZKO

Нисколигашите натпревари секогаш знаеле да понудат по некоја интересна приказна, а таква ни доаѓа од соседството. Еден несекојдневен момент ни доаѓа од српскиот фудбал каде можеби е одигран најкраткиот дуел во историјата на овој спорт.

Мечот од 13 коло од Колубарско-мачванската зона (четврти ранг) во Србија помеѓу Врело Спорт и Спартак Љиг траеше само пет секунди.

Спартак на теренот излезе со седум играчи, главниот судија донесе знак за почеток на натпреварот и после само пет секунди еден играч од таа екипа ја шутна топката и падна на теренот.

Првиот момент се помисли дека станува збор за сериозна повреда, иако беше укажана и лекарска помош, но можно е и фолирање, лажење дека е повреден со цел да се избегне резултатска катастрофа, друг избор очигледно немаше..

Според правилникот, еден клуб мора на теренот да има најмалку седум фудбалери, а во овој случај тој услов не се исполни и арбитарот донесе одлука за крај на мечот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот