ВИДЕО: Фудбалер на Пењарол погоден со камен во глава на натпревар во „Копа Либертадорес“

фото: EPA-EFE/Franco Trovatto-Fouco

Фудбалерот на Пењарол, Максимилијано Оливера, по натпреварот против Росарио Централ во првото коло од групната фаза на „Копа Либертадорес“ беше погоден со голем камен во главата.

Нередите на трибините почнаа пред почетокот на натпреварот, кога домашните навивачи почнаа да ја уриваат заштитната ограда и да ја фрлаат кон гостинските навивачи. Во таа прилика нема повредени, но на крајот подебелиот крај го извлече левиот бек на тимот на Пењарол.

Росарио славеше со 1:0, а играчите на противничкиот тим веднаш тргнаа кон своите навивачи за да им се заблагодарат за несебичната поддршка. По ова следеше дивеење од навивачи на домашната екипа, кои од трибините фрлаа тврди предмети кон ривалите.

Според тамошните медиуми, камен го погодил Оливера на левата страна од лицето.

Следуваше момент во кој изгуби контрола и се упати кон трибините за физички да се пресмета со навивачите. Тој беше спречен од соиграчите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот