Уапсена Русинка во Санкт Петербург/Фото: Скриншот

ВИДЕО | ФСБ тврди дека млада Русинка потплатена од Украина „планирала терористички напад“

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека уапсила 23-годишна жена која наводно се обидела да постави бомба под автомобилот на вработен во одбранбената индустрија во Санкт Петербург.

ФСБ соопшти дека жената ги следела движењата на вработениот од април, кога тој се преселил во градот. Ниту жената, ниту идентитетот на вработениот не се објавени.

Видеото на ФСБ, објавено од државните новински агенции, ги прикажува агентите како ја апсат жената откако претходно била снимена на безбедносните камери како става нешто под паркиран џип.

„Ми рекоа да го лоцирам автомобилот и ќе ми платат“, се слуша како вели жената, со замаглено лице, додека полицајците ја врзуваат на земја.

Кога ја прашале што точно прави таму, таа признала: „Се обидував да ставам некаков уред под автомобилот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот