ВИДЕО+ФОТО | Се заразила со бактерија која за малку ќе ја чинела живот: Првиот симптом никогаш нема да го заборавам, станав виолетова, а ги загубив и екстремитетите

Фото: Јутјуб

„Здраво моето име е Кејтлин Доброу и имам 25 години. Добив бактериски менингитис кога имав 18 години и завршив така што сега ми се ампутирани сите екстремитети“, раскажа девојката која седи наспроти камерата и храбро додава: „Ова искуство не би го сменила за ништо во животот“.

Кејтлин Ребека Мари пред седум години „за влакно“ ја избегнала смртта, откако и бил дијагностициран бактериски менингитис, а сето тоа што подоцна следело и го променило животот од корен.

„Беше неодолива и многу забавна, секогаш го засмејуваше целото семејство. Подоцна како тинејџерка, пред да и се случи ова, сакаше да излегува. Се занимаваше со танц и кик бокс“, опишуваат нејзините родители.

Кога наполнила 18 години, како и секоја тинејџерка, времето го поминувала во излегувања, дружејќи се со пријателите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaitlyn Dobrow (@kaitlyndobrow)

„Кога започнав да ги чувствувам првите симптоми, не обрнав веднаш внимание на нив. Сакав и понатака да излегувам и да се збавувавм, но забележав дека сум исцрпена и немав енергија за тоа, што беше чудно. Веќе после првите 12 часа целото тело ми стана виолетово и се се одвиваше многу брзо. Менингитисот ја запре циркулацијата во моите екстремитети, а настрада и мојата кожа. Мораа да ми ја отсечат шаката, потоа уште малку повеќе и повеќе, па така на крајот останав без сите екстремитети“, раскажа девојката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaitlyn Dobrow (@kaitlyndobrow)

Имала околу 20 операции во кои оштетената кожа и ја заменувале со здрава.

„Постојано ни зборуваа дека прават се што можат, но дека шансите не се најдобри, па би било добро да се подготвиме за најлошото. Беше застрашувачки“, вели нејзиниот брат кој и помага во секојдневните активности, како што е поставувањето на протезите.

И покрај се низ што поминала, Кејтлин не се согласила со тоа да ги отфрли своите страсти и започнала да ги остварува своите соништа кои вклучувале занимавање со убавина и готвење.

„Низ годините стана се пореално дека животот комплетно ми се променил. Сега ги правам работите на сосема поинаков начин. Сега за да јадам морам главата да ја ставам во чинијата, перницата ја повлекувам со забите…. Ми беше потребно многу време да прифатам дека животот ми се промени. Шминката прави да се чувствувам подобро во својата кожа. Така започнав свој Јутјуб канал, бидејќи и претходно гледав многу видеа за шминкање, ми беше интересно и тоа е дефинитивно нешто што можам да го направам“, изјави Кејтлин која има речиси 250.000 следбеници на Јутјуб каналот.

„Да поминеш низ нешто такво и да останеш здрава, среќна, силна и прекрасна личност, за мене е нешто на што му се восхитувам“, изјави нејзиниот татко, додека мајка и додаде „Понекогаш заборава дека нема ни раце ни нозе, и не се жали, ги обавува сите потребни работи“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaitlyn Dobrow (@kaitlyndobrow)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот