ВИДЕО+ФОТО | Македонка во „Црната вдовица“: Симона Живковска во оружена пресметка со Скарлет Јохансон

Instagram
Instagram

На 9 јули блокбастерот „Црната вдовица“ ќе ја има својата премиера, а во него за првпат глуми и една Македонка. Имено, на своите профили на социјалните мрежи, Симона Живковска гордо го објави кусото видео со сцена од филмот „Црната вдовица“ каде глуми покрај Скарлет Јохансон, актерката која го игра главниот лик.

Воедно овој филм е прв од ваков вид во кој се слуша македонскиот јазик, бидејќи Симона со својата филмска партнерка (додека ја бркаат Црната вдовица) комуницира токму на македонски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simona Zivkovska (@simonazivkovska)


Во филмот таа не само што има оружена пресметка со Наташа Романов, односно Црната вдовица, туку и ја брка на мотор низ Лондон, додека Наташа и партнерката бегаат со автомобил.

„Остана уште малку! Не можам да дочекам да го видите ова! Новина е и дека зборувам на мојот мајчин јазик – македонски“, напиша Симона во објавата на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simona Zivkovska (@simonazivkovska)

Симона Живковска е родена во Скопје, и по мајка ѝ има македонско потекло, додека по татко ѝ западноиндиско, бидејќи е од Свети Мартин (oстров во Карипското Море, н.з.), пишува во нејзината биографија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simona Zivkovska (@simonazivkovska)


Таа во 2001 година, како дете со семејството заминала во Британија, каде подоцна ја почнала актерската кариера. Во 2012 година, тогаш седумнаесетгодишната Симона ја играла главната женска улога во британскиот трилер филм „Мое убиство“ покрај Џон Бојега („Војна на ѕвездите“) и Малакај Кирби, годинешниот добитник на БАФТА за најдобар актер во споредна улога во телевизиска мини-серија „Мала секира“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simona Zivkovska (@simonazivkovska)

Со Малакај заедно играат и во серијата „Ѓаволи“ покрај Патрик Демпси. Во оваа крими – трилер серија која веќе има снимено две сезони, Симона има епизодна улога и се појавува во пет епизоди. Покрај неа, Симона има глумено во сериите „Холби сити“ и „Доктори“, како и во „Жртви“ , британска сапуница која се емитува веќе 33 години. Истовремено таа снима куси филмови и е активна во театарот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simona Zivkovska (@simonazivkovska)


Оваа млада актерка, освен со актерството, пишува поезија и текстови кои се поврзани со разни табу-теми, за подигнување на јавната свест, за подобрување на состојбите во општеството, како и за самопочитта и љубезноста.

Инаку Симона во 2018 година се запишала во лондонското МЕТ училиште за филм, каде студира филмска уметност, односно учи за продукција, режија, кинематографија, светла, звук и сите придружни елементи кои се важни да се создаде едно филмско дело.

Видео на денот