ВИДЕО+ФОТО I Генијален начин на запросување: Го носела својот веренички прстен две години, а не знаела за тоа!

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Ова момче потајно ја запросило својата девојка пред официјално да клекне на едното колено, откако го сокрил вереничкиот прстен во ланче со привезок кое таа го носела речиси две години.

Тери од Австралија неодамно започнал да се занимава со резбарење и обликување на дрво, а тоа го инспирирало да изработи парче накит за својата девојка Ана.

Без нејзино знаење, тој во внатрешноста на нејзиното ланче со привезок сокрил дијамантски прстен. Ана гордо го носела тоа ланче кое исто така претходно и го подарил тој, но не била свесна дека во внатрешноста се крие вереничкиот прстен со скапоцен дијамант.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Месеците поминувале, а Ана се уште не знаела што се крие во привезокот, а Тери откри дека во неколку наврати тие дури и го загубиле ланчето, но за среќа повторно го пронашле.

„Еднаш бев испаничен дека ќе го даде ланчето на еден ковач на кој многу му се допадна во замена за некое негово изработено парче, среќа таа се откажа од таа идеја“, раскажа Тери.

„Уште еднаш бев во паника кога ги поминувавме безбедносните ситеми на аеродромот бидејќи се плашев дека луѓето кои работеа на рендгенот ќе ја откријат мојата тајна, но за среќа прстенот остана сокриен“.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Биејќи Ана не ни била блиску до тоа сама да го пронајде и плашејќи се дека на крајот навистина ќе го загуби, Тери конечно го испланирал запросувањето и откривањето на големата тајна.

Парот отпатувал во пештерата Сму во Шкотска и пред да влезат внатре Тери ја прашал Ана дали може да му го позајми ланчето за фотографирање.

Додека таа била завртена со грб, тој го скршил печатот, ја наместил камерата и се спуштил на едното колено држејќи го ланчето.

„Го извадив од џебот, клекнав, го отворив и ѝ открив дека прстенот се криеше долго време таму“, раскажа тој.

Откако го надминала шокот, Ана му кажала „да“, а потоа всушност се сетила дека таа тоа ланче постојано го носела со себе.

„Всушност и требаа неколку моменти за да сфати дека прстенот беше долго време во ланчето. Тоа беше урнебесна мешавина од среќа“, раскажа Тери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот