Вооружен грабеж во Италија / Фото: принтскрин

ВИДЕО | Филмски грабеж во Италија: Разбојници дигнаа во воздух комбе полно со пари

На автопат во Италија, кој ги поврзува Лече и Бриндизи, утрово се случи драматичен вооружен напад врз комбе за транспорт на пари. Инцидентот се случил во близина на градот Тутурано, а според првичните информации, имало и пукање, пишува Раи њуз.

Со брзата акција на полицијата од Лече, уапсени се две лица осомничени дека се членови на бандата. Тие биле лоцирани во областа на северен Саленто, каде што силите на редот веднаш го насочиле пребарувањето. Истрагата е во полн ек бидејќи се бараат други членови на групата.

Според последните информации, напаѓачите разнеле дури две, а не само едно возило за транспорт на пари, како што првично се веруваше, објавува Раи њуз. Нападнатото возило е на компанијата БТВ Батистоли, а разбојниците, за да го спречат, попречиле друго возило на патот и го запалиле. Пожарникарите и полицијата веднаш пристигнале на местото на настанот.

Целосен прекин на сообраќајот

По нападот, државниот пат Бриндизи-Лече беше привремено затворен за сообраќај во двата правци. Како што соопшти компанијата „Анас“, задолжена за одржување на патиштата, прекинот се однесува на делницата од 8,3 до 12,8 километри, во областа Сан Пјетро Вернотика. Екипите на „Анас“ и полицијата се на терен, го регулираат сообраќајот и работат на враќање на нормалноста што е можно поскоро, се наведува во соопштението за медиумите.

ВИДЕО | Среде бел ден ограбија златарница во Лондон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот