Фото: Philadelphia 76ers

ВИДЕО | Филаделфија со голем пресврт го изненади Бостон за конференциско полуфинале

Бостон доживеа вистински шок на стартот од плејофот на Истокот. Иако ја заврши регуларната сезона како второпласиран тим и имаше убедливо водство од 3-1 во серијата против Филаделфија, на крајот беше елиминиран по поразот на домашен терен со 100-109.

Филаделфија приреди големо изненадување. Тимот кој мораше да мине низ плеј-ин за да обезбеди место во разигрувањето, малкумина го гледаа како сериозен конкурент за Бостон, особено откако беше во негатива од 1-3. Сепак, следуваше неверојатен пресврт, три победи по ред, од кои две во Бостон, за конечни 4-3 во серијата и пласман во конференциското полуфинале, каде ги очекува дуел со Њујорк.

Клучниот чекор кон победата гостите го направија уште во првата четвртина, која ја добија со 32-19. Бостон се разбуди во вториот период, успеа да ја анулира разликата и накратко да поведе, но повторно падна во играта, па Филаделфија на пауза замина со 55-50.

Во третиот дел гостите стигнаа и до максимални +18 (84-66), најавувајќи сензација. Иако Бостон во последната четвртина двапати се доближи на само еден поен негатива, немаше сила за целосен пресврт.

Најзаслужен за триумфот беше Ембид со 34 поени и 12 скокови, додека Максеј додаде 30 поени и 11 скокови. Кај Бостон, Браун реализираше 33 поени, а Вајт постигна 26, но тоа не беше доволно да се избегне елиминацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот