ВИДЕО | Фицо и Орбан бараат ЕУ да ги укине санкциите за руската нафта и гас за да се надмине енергетската криза
Словачкиот премиер Роберт Фицо по денешниот телефонски разговор со својот унгарски колега Виктор Орбан побара „Европската Унија мора да ги укине санкциите за увоз на руска нафта и гас, да преземе чекори за обновување на гасоводот Дружба и да ја прекине војната во Украина за да се справи со енергетската криза што произлезе од конфликтот во Иран“.
Препорачано
ЕУ, а особено Европската комисија, мора веднаш да го продолжат дијалогот со Русија и да обезбедат политичко и правно опкружување во кое поединечните земји-членки и ЕУ како целина можат да ги пополнат резервите на гас и нафта што им недостасуваат и да дозволат снабдување со овие стратешки суровини од сите можни извори и насоки, вклучително и од Русија, вели Фицо во изјавата до медиумите по разговорот со Орбан.
И унгарскиот премиер, исто така, ја поддржа позицијата дека ЕУ треба да ги укине санкциите за руските енергенси.
Се приближува сериозна енергетска криза, која се продлабочува со секој изминат ден. Европската економија е загрозена од недостиг на енергетски ресурси и, како резултат на тоа, од зголемување на цените. Секој ден е важен. Затоа бараме Брисел веднаш да ги укине санкциите и ограничувањата наметнати врз руската енергија, побара унгарскиот премиер.


