ВИДЕО: Фер-плеј потег на годината ни доаѓа од Хрватска!

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Фудбалскиот клуб Риека на своите социјални мрежи сподели фер-плеј потег на босанскиот фудбалер Лука Менало на неодамнешниот натпревар од хрватската лига против Истра.

Босанскиот репрезентативец во 51 минута од мечот беше во скоро идеална ситуација да постигне погодок, но одлучи да ја исфрли топката надвор од теренот.

На таков потег се одлучи откако еден дефанзивец на Истра во претходната акција остана повреден на тревата.

На овој потег се заблагодарија играчите на Истра што доволно покажува колку Менало испадна коректен при неповолен резултат за неговата екипа. На крајот заврши нерешено 1:1.

Менало оваа сезона во сите натпреварувања одигра 22 натпревари, постигна девет голови и запиша четири асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот