ВИДЕО | Евролига: Партизан немаше среќа, Фенербахче до победа во неизвесна завршница
Кошаркарите на Партизан добро се претставија во Улкер арената во Истанбул но на крајот беа поразени од турскиот Фенербахче со 81:78 (20:20, 15:19, 22:17, 24:22) во 29 коло од Евролигата.
Препорачано
Одличниот Карлик Џонс уште еднаш покажа колку многу им значи на белградските „црно-бели“, блескаше на теренот по четиримесечна пауза, иако за негова несреќа и на тимот не реализираше тројка со звукот на сирената за да изнуди продолжение.
Партизан одигра многу добро прво полувреме против Фенербахче. Со одлична одбрана, го ограничија актуелниот шампион на Евролигата на само 35 поени, ги контролираа скоковите и украдоа четири важни топки што ги реализираа и во транзиција.
Бруно Фернандо беше брилијантен со 14 поени, но и три скока и две блокади. Карлик Џонс се врати на теренот по четири месеци и постигна четири поени, со три асистенции. Партизан беше на тимско ниво, доколку имаше помалку соло напади од страна на Вашингтон, водството можеби ќе беше поголемо од 35:39.
Hard fought win at home secured & a new career-high for @Thortontucker! ✅@FBBasketbol are picking up where they left off, they now won 16 out of their last 18… 💪#EveryGameMatters pic.twitter.com/RZ0tVUZrzU
— EuroLeague (@EuroLeague) February 25, 2026
Лидерот во Евролигата во своите редови го имаше расположениот Хортон Такер кој не им дозволи на гостите да стекнат поголемо водство, тој постигна 12 поени, со три скока и исто толку асистенции.
Партизан држеше егал до 34 минута, кога Хортон Такер го доведе Фенербахче на 66:60, што „црно-белите“ успеаја да го стигнат (66:65), но не и да го свртат резултатот во своја корист
Се влезе во серија слободни фрлања, двете страни ги погодија сите удари, играчите на Партизан имаа уште 6,9 секунди до крајот на средбара за да израмнат со тројка, но Карлик Џонс не успеа да погоди од тешка позиција.
За Фенербахче, Хортон Такер запиша 29 поени, а кај Партизан Бруно Фернандо имаше 18 поени, еден повеќе од Карлик Џонс 17. На евролигашката табела првопласиран е Фенербахче со учинок (21-7), додека српскиот претставник е на претпоследната 19 позиција (9-20).


