ВИДЕО | Евролига: Црвена звезда „прокоцка“ победа во финишот против Жалгирис Каунас
Денеска во второто коло од Евролигата кошаркарите на Жалгирис Каунас на домашен терен со 79:74 ја совладаа Црвена звезда. Тоа е веќе втора победа за Литванците оваа сезона, а прв пораз за српскиот гигант.
Препорачано
Во текот на првата четвртина домаќините веќе стекнаа двоцифрено водство од 17:7, но белградските „црвено-црни“ беа тие кои имаа предност по првите 10 минути (19:21). Црвена звезда не само што поведе, туку и постепено ја зголемуваше разликата, во втората четвртина имаше и „плус осум“ позитива (30:38), а до пред паузата Жалгирис постигна пет поени во низа.
И натаму гостите го контролираа своето водство, по третата четвртина на семафорот стоеше 50:56. И во последната четвртина се најавуваше дека Црвена звезда сигурно оди кон триумфот откако во еден момент дојде двапати на „плус девет“ (50:59, 52:61), и кога беше најпотребно да се задржи концентрацијата, Србите дозволија нивните ривали да направат пресврт во решавачките минути.
Жалгирис направи серија од 15:2 што се покажа како клучниот за крајниот епилог, иако и натаму беше неизвесно кој ќе дојде до победата, но литванскиот претставник паметно го одржуваше водството и на крајот ги израдува своите навивачи. Во победничките редови Смитс доминираше со 18 поени, а Митровиќ за гостите постигна 16.
Се одигра уште еден меч во кој Виртус Болоња убедливо го надигра Монако на гостински терен со 59:83.


