ВИДЕО: Евроголови на Меси и Гризман, Барса на „минус четири“ од Атлетико!

Французинот се враќа во редовите на Атлетико Мадрид/Фото: EPA-EFE/Toni Albir

Вечерва во рамките од 27 коло во најсилното шпанско првенство екипата на Барселона убедливо со 4:1 триумфираше над Хуеска.

Во првото полувреме два прекрасни голови реализираа Меси (13`) и Гризман (35`), а гостите непосредно пред паузата намалија преку Мир од белата точка.

Меси во 53 минута асистираше во третиот погодок на Каталонците, стрелец беше Мингеза, а Аргентинецот дојде и до вториот гол на мечот на „Камп Ноу“ за поставување на конечниот епилог (90`).

До сега во 2021 година Меси учествувал во 20 голови на 11 лигашки мечеви, или учинок од 14 голови и шест асистенции.

После саботното реми на Атлетико Мадрид, сега играчите на тренерот Роналд Куман заостануваат само четири бода зад „јорганџиите“ во генералниот пласман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот