ВИДЕО | Етно-џез призвук на македонскиот фолклор: „ЏезВез“ дебитираше со преработка на „Каранфило филфило моме“

Фото: Промо

Во ова, за сите нас, тегобно време, кога сите гранки на уметноста се во молк, вистинско изненадување приреди една неочекувана група докажани ументници кои дебитираа под како заеднички состав под името „ЏезВез“. Имено тие на публиката ѝ ја донесоа обработката на старата народна песна „Каранфило филфило моме” во етно-џез манир.

Додека Дани Димитровска ѝ е позната на публиката по својата соло кариера како пејачка, Сара Пројковска и Ана Костова досега беа познати како придружни вокали на речиси сите македонски пејачки и групи. Но сега тие три со своите моќни гласови и неверојатната кохезија донесоа едно прекрасно музичко ужување. Тие велат дека ова за нив е зачеток на една нова приказна која допрва ќе изненадува.

Инспирација за првиот заеднички проект била желбата да се зачува богатото македонско фолклорно и културно наследство.

За преработката се погрижија Никола Мицевски (аранжман и пијано), Оливер Јосифовски (контрабас), Дино Милосављевиќ (тапани) и Петар Христов (сопран саксофон). „АудиоКултура“ е просторот каде во живо е изведена оваа песна како прва од серијалот, а „АлтерПродакшн“ се потпишува како видео продукција.

Уживајте…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот