Фото: Јутјуб / скриншот

ВИДЕО: Ескалира кризата со кравите во Кривопаланечко – полицајци едвај го уапсија стопанот

Спорот меѓу семејство од кривопаланечкото село Добровница, кое според соседите постојано ги пушта своите крави да пасат во селото, а тие прават штета на туѓи имоти, денеска ескалираше со интервенција на полицијата, за малку спречен голем инцидент и апсење на стопанот на кравите.

Сопственикот, кого полицијата мораше да го спречува да се степа со еден од соседите, даваше отпор, а неговите ќерки се обидуваа да ги спречат полицајците да го одведат, но тие сепак го совладаа. Тој е уапсен затоа што наводно им се заканувал по живот на повеќемина жители на селото кои трпеле штета од неговиот добиток. Неговата ќерка, Јулијана Ѓоргиевска, во изјава за „Фокус“ вели дека не направил ништо за да биде приведен.

– Го приведоа татко ми, а сестра ми заврши во болница. Кравите пак се ослободени и излегува дека цела акција не беше за добитокот, туку само да го уапсат татко ми, кој буквално ништо не направи, вели за „Фокус“ ко-сопственичката на кравите, Јулијана Ѓоргиевска, која се пожали за нехуман третман на животните, односно на изгладнување на кравите од страна на жителите кои ги врзуваат по своите штали пред да пријават во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од друга страна, жителите на Добровница велат дека тоа е проблематично семејство и дека членовите чуваат голем број крави кои ги пуштаат да се хранат во нивите на соседите, затоа што немаат за нив ниту место за пасење, ниту штали.

Фото: Јутјуб / скриншот

Апсењето и тензиите, во кои малку недостасуваше да се случи поголем инцидент, се забележани на снимка објавена на социјалните мрежи.

„Јасно се гледа дека апсат луѓе без никаков прекршок, без инцидент, без отпор и без попречување. Ниту провокација, ниту причина – а сепак се применува сила и лишување од слобода. Ова не е законска постапка. Ова е класичен пример на злоупотреба и прекршување на основните човекови права!“, напиша Ѓоргиевска потоа на социјалните мрежи.

ВИДЕО: Тепачка и протест во Добровница – комшии ги пуштиле кравите во туѓа зелка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот