Фото: EPA/ADAM VAUGHAN

ВИДЕО | Емотивно на „Енфилд“, Салах и Робертсон се збогуваат со Ливерпул

Ливерпул емотивно се збогува со Мохамед Салах и Енди Робертсон, двајца играчи кои ја одбележаа една од најголемите ери во модерната историја на англискиот фудбалски клуб.

По натпреварот и ремито со Брентфорд (1:1) по што „црвените“ како петтопласирани ќе играат следната сезона во Лигата на шампионите, играчите и тренерите на Ливерпул формираа почесен шпалир за Салах и Робертсон, глетка што беше особено трогателна за навивачите на „Енфилд“.

На крајот од шпалирот, ги чекаа две вистински икони на клубот – Кени Далглиш и Иан Раш. Легендите на Ливерпул им честитаа на Салах и Робертсон за нивните прекрасни кариери во црвениот дрес и сè што дадоа за клубот.

Салах е лицето на нападот на Ливерпул со години, човек со големи голови и еден од најважните играчи во ерата на враќањето на клубот на врвот на Европа и Англија. Робертсон, од друга страна, стана симбол на енергијата, борбениот дух и неуморното темпо што го обележаа Ливерпул под водство на Јирген Клоп.

Тоа беше збогување што само специјалните го добиваат на „Енфилд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот