Принцот Вилијам и принцезата Кетрин со нивните три деца / Фото: EPA-EFE/Jonathan Brady / POOL EDITORIAL USE ONLY EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

ВИДЕО | Емотивна средба: Принцот Вилијам го запозна најголемиот обожавател на принцезата Дајана со своите деца

Традиционалната божиќна миса во Сандрингем била одбележана со емотивен момент кога принцот Вилијам срдечно се поздравил со маж познат како најголем обожавател на принцезата Дајана, пренесува „Дејли мејл“. Снимката од средбата брзо се прошири на социјалните мрежи и стана вирална.

Идниот крал го направи моментот уште попосебен кога му се обрати по име, а потоа и го запозна со своите деца – Шарлот, Луис и Џорџ.

@about.london The Prince of Wales with Prince George, Princess Charlotte and Prince Louis leave Christmas Day service at Sandringham #princewilliam #princegeorge #princesscharlotte #princelouis #royalfamily @John Loughrey ♬ original sound – about.london

Станува збор за Џон Лафри, 70-годишен страствен љубител на британското кралско семејство, кој пристигнал облечен со шешир украсен со бројни беџеви со ликови на членовите на монархијата, носејќи и подароци за децата на Вилијам. Тој на семејството му посака среќен Божиќ, а на принцот Џорџ му рече: „Дајана би била горда на тебе“.

Кралските деца учтиво го поздравија и му се заблагодарија за подароците, а принцезата Шарлот додаде: „Ви благодарам многу, тоа е навистина љубезно“.

Дури и кралот Чарлс го препозна Лафри, кој често е опишуван како најголем обожавател на принцезата Дајана. За време на поздравувањето со присутните пред имотот Сандрингем во Норфолк, кралот ја пофали неговата импресивна колекција беџеви со зборовите: „Собравте уште повеќе беџеви од лани!“

Лафри, кој доаѓа од Вандсворт, југозападен Лондон, пристигнал уште во 21 часот на Бадник и цела ноќ ја поминал на преклопен стол пред портите, за да биде прв во редот кај спомен-портата на Сандрингем и да го поздрави кралското семејство на Божиќ.

Во изјава за „Дејли мејл“ тој раскажал: „Беше студено, но имав грејачи во џемперот и грејачи за раце“.

Овој „суперобожавател“ на принцот Вилијам му донел и посебен подарок – портрет од себе, насликан во 2012 година во чест на принцезата Дајана, кој сакал лично да му го предаде. Делото е на уметницата Ребека Франческа Картрајт де Фонтенел и било изложено на изложбата на Кралското здружение на портретни сликари истата година.

„Со овој човек сум се сретнал неколку пати“, изјавил Лафри за принцот Вилијам. „Последен пат го видов во хуманитарната организација Centrepoint пред неколку недели и му реков дека ќе му донесам посебен подарок во Сандрингем“.

Тој го сретнал принцот Вилијам и во март, за време на посетата на хуманитарната организација Mental Health Innovations (MHI) во Вајт Сити, основана во 2017 година од Кралската фондација на принцот и принцезата од Велс. Тогаш разговарале и за планови поврзани со изработка на дополнителни кралски сувенири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот