Експлозија во суд во Турција/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Експлозија во суд во Турција, едно лице повредено

Експлозија се случила денеска напладне во магацин во подрумот на судницата во југоисточниот турски град Шанлиурфа, по што избувнал пожар, објави турската телевизија НТВ.

Во експлозијата, чија причина е сè уште непозната, е повреден еден вработен, соопштија локалните власти.

Пожарникари, полиција и специјализирани екипи брзо се упатија кон местото на настанот, додека во областа беа преземени безбедносни мерки.

Гувернерот Хасан Силдак за агенцијата Анадолија изјави дека инцидентот во судот темелно се истражува.

„Мала експлозија и пожар во Судскиот депозитар се ставени под контрола. Едно лице е повредено во инцидентот“, рече Силдак, додека турскиот министер за правда Јилмаз Тунч рече дека експлозијата се случила во сеф и дека судскиот службеник е повреден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот