Фото: EPA/ADAM VAUGHAN

ВИДЕО | Екитике со најбрзиот гол на сезоната во Премиер лигата, Салах се врати во тимот на Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул денеска го победија Брајтон со 2:0 во натпреварот од Премиер лигата од 16 коло, а првиот гол го постигна Уго Екитике во првата минута.

Поточно, напаѓачот на „Црвените“ постигна гол по само 46 секунди. Тоа е најбрзиот гол во Премиер лигата оваа сезона.

Екитике го постигна вториот гол на Ливерпул во 60 минута, на асистенција на Мохамед Салах, кој се врати во составот на Ливерпул по конфликт со Арне Слот и јавното незадоволство кон клубот.

Актуелниот англиски шампион е шестопласиран во Премиер лигата со 26 бода, додека Брајтон е деветти, со три бода помалку.

Премиер лига, 16 коло

Сабота:

Челси – Евертон 2:0
Ливерпул – Брајтон 2:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот