ВИДЕО | Еди Хау мора да најде нов напаѓач: Астон Вила и Њукасл ремизираа во Премиер лигата
Фудбалерите на Астон Вила и Њукасл ги поделија бодовите во првото коло од Премиер лигата, откако на натпреварот во Бирмингем не беа постигнати голови (0:0).
Препорачано
За разлика од вчерашниот натпревар помеѓу Ливерпул и Борнмут, на кој имаше вистински „дожд“ од голови (4:2 за „црвените“), мечот помеѓу Астон Вила и Њукасл не ни понуди апсолутно ништо.
Веќе е познато дека Александер Исак започнал штрајк, дека сака да оди во Ливерпул и дека повеќе нема да го гледаме во дресот на Њукасл, а менаџерот Еди Хау итно треба да најде нов централен напаѓач. Не само што практично немаа никакви валидни шанси, туку не успеаја ниту да го искористат црвениот картон што го доби дефанзивецот на Вила, Езри Конса, во 67 минута од натпреварот.
Играчите на Унаи Емери покажаа идентична напаѓачка немоќ, бидејќи во првото полувреме дури и не шутираа кон голот на Ник Поуп. Второто полувреме им донесе неколку шанси, но беа доста млаки и недоволни.
Следниот натпревар на Астон Вила е на 23 август против Брентфорд, додека Њукасл е домаќин на Ливерпул два дена подоцна.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7час
-
7час
-
10час
-
10час
-
11час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


