ВИДЕО: „Ѕвезди во подем“ – Канингем ја освои МВП наградата

Тимот на Рик Бери славеше во финалето против тимот на Ајзеа Томас/Кливленд, Охајо, САД/18 февруари 2022/Фото: EPA-EFE/DAVID MAXWELL

Тимот на Рик Бери победи на натпреварот „Ѕвезди во подем“ со кој започна НБА Ол-стар викендот во Кливленд, а за најкорисен играч е прогласен кошаркарот на Детроит, Кејд Канингем.

НБА лигата постави нов формат на натпреварување, па наместо класичниот натпревар на две екипи со по 14 играчи, во зависност од која конференција доаѓаат, формирани се четири екипи од по седум играчи.

Тимовите беа предводени од поранешните НБА ѕвезди – Гери Пејтон, Рик Бери, Ајзеа Томас и Џејмс Ворти.

Прво се играше полуфиналето, а во финалето се пласираше тимот кој прв ќе постигне 50 поени, а финалето се играше до 25 поени за одбележување на 75-годишнината од НБА лигата.

Откако во полуфиналето го победи Тим Пејтон, Тим Бери во финалето славеше против тимот на Ајзеа со 25:20.

Признанието за МВП го доби минатогодишниот прв пик на драфтот, Канингем, кој турнирот го заврши со 18 поени.

Ол-стар викендот во Кливленд продолжува ноќта меѓу сабота и недела кога на програмата се натпреварувањата во шутирањето за три поени, забивањата и кошаркарски вештини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот