ВИДЕО | Џилијан Андерсон била платена значаен процент помалку од својот колега, го критикува родовиот јаз во платите
Глумицата Џилијан Андерсон зборуваше за тоа како почувствувала одговорност да зборува против неправдите во филмската индустрија, како што е нееднаквата плата.
Препорачано
Таа е позната по најразлични улоги, од агентката Дана Скали во „Досиеја Икс“ (The X Files) до Маргарет Тачер во „Круната“ (The Crown). И покрај бројните значајни улоги, 57-годишната ѕвезда, гостувајќи на „Грејт чат шоу“ на Џош Смитдека, откри дека тоа не секогаш значело дека била праведно платена за својата работа.
Зборувајќи на поткастот, Андерсон се осврна на својата долга кариера и призна дека долго време не сакала да биде „модел за углед“ или да ја носи таа одговорност. Таа објасни како во еден момент ѝ се чинело дека темите за кои постојано зборувала се повторуваат.
„По некое време, ми се чинеше дека постојано зборувам за еднаква плата, за ефектот Скали, за сите оние теми за кои новинарите сакаа да разговараат со мене затоа што беа некако кул и уникатни. Но, во еден момент ми звучеше како стара вест, па некако се спротивставив“, се присети таа.
Сепак, Андерсон наскоро сфатила дека одредени прашања, за жал, не се „стари вести“, туку сепак претставуваат вистински проблеми во индустријата. Клучен момент се случил кога самата таа се соочила со драстична нееднаквост.
„Кога ми беше понуден значително помал процент од мојот машки колега, одеднаш сфатив дека, по ѓаволите, морам да продолжам да зборувам за тоа затоа што тоа е сè уште проблем. Не го сфатив тоа и го отфрлив затоа што ми изгледаше како стара вест, но всушност тоа е сè уште нашата сегашност“, вели актерката.

Андерсон, исто така, истакна дека се чувствувала најгорда што го користела својот глас. Таа го спомена објавувањето на нејзината нова книга, но и нејзината неодамнешна соработка со козметичкиот бренд „Лореал“, за кој стана амбасадор. Призна дека на почетокот не разбирала како оваа соработка ќе ѝ овозможи да биде автентична.
„На почетокот мислев дека ќе морам малку да глумам или да бидам некој друг, иако бев вработена токму поради работите за кои отворено зборувам, мојот активизам, она што е важно за мене и мојот систем на вредности. Дури откако почнав да работам со нив, сфатив до кој степен тие навистина мислат ‘тоа си ти, тоа е твојот глас и тоа целосно се совпаѓа со сè за што отворено зборуваш’“, вели Андерсон.
Таа, исто така, додаде дека ѝ требало време да го прилагоди размислувањето околу оваа тема.
Нејзината отвореност беше дочекана со одобрување од гледачите.
ФОТО | Мулдер и Скали повторно се обединија: Фотографија која ги воодушеви фановите на „Досие икс“


