Џенифер Лоренс -Фото: Instagram / jenniferlawrence_

ВИДЕО | Џенифер Лоренс за постпородилната депресија: „Секогаш кога мојот син спиеше, мислев дека е мртов“

Џенифер Лоренс во своето ново интервју зборуваше за борбата со постпородилната депресија со која се соочила по раѓањето на своето второ дете.

Во разговор за „The New Yorker“, таа открила со какви стравови се борела откако се породила оваа година.

Таа се присетила на бројните проблеми што ги имала, тврдејќи дека постојано се плашела дека на нејзиниот син може да му се случи нешто лошо.

„Секогаш кога спиеше, мислев дека е мртов. Мислев дека плаче затоа што не му се допаѓа неговиот живот, или јас, или неговото семејство. Мислев дека сè што правам е погрешно и дека јас ќе ги уништам своите деца“, изјавила Лоренс.

Актерката дополнително истакнала дека нејзиниот страв станал толку интензивен што побарала совет за доење од вештачка интелигенција, која ѝ упатила зборови на поддршка.

Лоренс искрено признала дека користела и лек за постпородилна депресија, кој ѝ помогнал во ублажување на симптомите. Таа со 41-годишниот Кук Мерони се омажи во октомври 2019 година, а парот, покрај новородениот син, го има и тригодишниот син Сај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот