ВИДЕО: Џејми Карагер импресионираше со своето знаење за Дарко Панчев и Црвена звезда

Црвена звезда во 1991 година беше европски шампионфото: crvenazvezdafk.com

Во вторникот во четвртото коло од групите во фудбалската Лига на шампионите во групата „Г“ Црвена звезда со домашниот пораз од Лајпциг (1:2) ги загуби шансите за пласман во нокаут-фазата, но остана во игра за третата позиција која води во Лига Европа.

Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер ги импресионираше колегите од „Си-Би-Ес Спортс“ со неговото фудбалско знаење за финалето во Европскиот куп (сегашна ЛШ) во 1991 година кога Црвена звезда со поранешниот македонски репрезентативец Дарко Панчев ја освои титулата.

Во тоа финале во Бари, белградските „црвено-бели“ триумфираше против Марсеј по пенал серијата, а голот за европска титула го постигна Панчев.

Црвена звезда на патот до финалето исфрли екипи како Грасхоперс (5:2), Ренџерс (4:1), Динамо Дрезден (6:0), како и Баерн Минхен (4:3) во полуфиналната фаза.

– Црвена звезда постигна 19 голови таа сезона. И топ стрелецот тогаш за тој тим е Дарко Панчев, тој го постигна победничкиот гол во финалето. Потоа, се пресели во милански Интер, каде не се прослави. Тука, има и други играчи како Роберт Просинечки кој играше за Реал Мадрид и Барселона, како и Дејан Савичевиќ кој беше европски шампион и со Милан во 1994 година. Апсолутно брилијантни имиња – вели Карагер.

Карагер не го заборави и моментот кога Савичевиќ во финалето на ЛШ во дресот на Милан го лобуваше голманот Зубизарета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот